Розов дијамант е продаден за 13,1 милиони евра- „Мона Лиза“ меѓу дијамантите
Розов дијамант е продаден за 13,1 милиони евра- „Мона Лиза“ меѓу дијамантите
Дијамантот бил во приватна сопственост околу 70 години, а наводно го купило семејството на продавачот во Индија во 1950-тите, по што бил однесен во ателјето на модната куќа „Булгари“ во Рим. Се верува дека скапоцениот камен потекнува од рудниците Голконда во јужна Индија, познати по дијамантите од кои се добиени некои од најпознатите скапоцени камења
Розов дијамант 70 години бил во семејна сопственост, а сега е продаден за вртоглава сума
Реткиот розов дијамант „Булгари Пинк“ (Bulgari Pink), тежок 24 карати, излезе од приватна семејна приказна долга речиси седум децении и заврши на престижната аукција на аукциската куќа „Кристис“ во Женева. Според германскиот весник „Шпигел“, каменот беше продаден за 12,1 милиони швајцарски франци, односно приближно 13,1 милиони евра.


