Тешка сообраќајка во центарот на Скопје – Повреден пешак
Пешак е тешко повреден во сообраќајна незгода што се случи денеска претпладне на булеварот „Св. Кирил и Методиј“, кај поранешната зграда на НИП „Нова Македонија“ во центарот на Скопје. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во 11:15 часот во СВР Скопје. Во незгодата учествувало патничко возило „мерцедес“










