„17“ со силна порака – нема ништо понасилно од молкот; Прикажан филмот на Косара Митиќ за сексуалното насилство кај младите
– Да не се молчи, тоа е прво и основно. Секогаш ќе постои барем некој што ќе биде тука и ќе разбере што ти се случува. Насилството не смее да се игнорира. И се надевам дека тоа е впечатокот што ќе си го понесат младите од гледањето на филмот и што ќе биде повик за нивно будење – истакна Мартина Даниловска, која ја толкува тинејџерката Лина во филмот








