26-годишник убиен кај Дуќанџик – напаѓачите побегнале со мотоцикл, МВР со детали за случајот
Дваесет и шестгодишен скопјанец е убиен во пукање што синоќа се случило во Дуќанџик. Според информациите од МВР за „Макфакс“, околу 23:30 часот, во близина на раскрсницата меѓу улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“, Д.Г. (29), А.Џ. (24), К.Б. (36), Е.Б. (25) и А.М. (26), сите од Скопје, стоеле пред излог на фирма. Во тој момент застанал









