Интервју со Кирил Колемишевски, коосновач на MyCivic: Македонска идеја на три континенти за поефикасни и поотчетни општини
Во свет во кој граѓаните со еден клик можат да оценат производ или услуга, но тешко можат да влијаат врз решавањето на секојдневните проблеми во своето соседство, се раѓа идејата за MyCivic – интелигентен команден центар за градови и општини. Зад оваа платформа стојат тројца коосновачи со македонски корени кои живеат и работат на три различни континенти

