Среде бел ден украден велосипед пред фитнес клуб во Аеродром
Две момчиња лежерно украле велосипед кој бил оставен пред фитнес клуб во скопската населба Аеродром. Кражбата била снимена од граѓани, а видеото е објавено на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции. На снимката се гледа како двајцата млади без брзање го земаат велосипедот и си заминуваат, додека присутните го коментираат инцидентот во живо.






