Сѐ уште нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница, велат од СДСМ
Според СДСМ, повеќе од една недела нема одговори за најголемиот нарко-скандал во регионот, заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која дошла од Македонија. Прашуваат како 5 тони дрога, во неколку камиони ја преминале границата. „Кој ќе одговара? Фактите упатуваат дека без поддршка од структури во власта, во МВР, во Царината и во други институции,








