Во понеделник една скопска улица ќе остане без вода
Од скопски Водовод информираат дека во понеделник (09.03.2026 година) поради дефект во шахта на ул.Лондонска бб (ЕСМ), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот, се наведува во најавата за прекинот.










