ВЛТ НАВИВА: Вардар против Нант, нов европски предизвик за „црвено-црните“
По враќањето во елитното европско натпреварување, РК Вардар 1961 продолжува со големите предизвици во Лигата на шампионите. „Црвено-црните” вечерва, од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански” го пречекуваат францускиот Нант во натпревар од 2. коло. По петгодишната пауза од Лигата на шампионите, секој европски натпревар за Вардар носи посебна енергија.










