Време е за млади ореви: Имаат здрави масти, омега-3 масни киселини и полифеноли, а сега се и највкусни
Сега е периодот кога на пазарите и во дворовите се појавуваат свежите млади ореви – со светла, мека јатка која сè уште не е целосно исушена како кај зрелите ореви што ги чуваме во текот на зимата. Освен што се вкусни, тие се хранливо богати и претставуваат добар начин во исхраната да се внесат незаситени масти, растителни влакна и други биоактивни

