Џонов беше задолжен за Гидсел: Ми беше чест да играм против најдобриот ракометар во светот!
Македонската ракометна репрезентација со пораз од Данска го отвори Европското првенство. Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци беа совладани од актуелниот светски и олимписки првак со 36-24. Данска на дело покажа зошто е еден од главните фаворити за златниот медал на овој шампионат, овој тим е вистинска ракометна машина составена од бројни ѕвезди




