Барале 100.000 евра, па запалиле „ренџ ровер“: Кривична пријава против четворица турски државјани
Четворица турски државјани добија кривична пријава под сомнение дека се обиделе да изнудат пари од свој сонародник, по што било запалено возило во сопственост на неговата сопруга во Штип. Според Министерството за внатрешни работи, пријавените најпрво барале 100.000 евра и му се заканувале на оштетениот и на неговото семејство. Откако тој одбил да ги





