Пораст на случаите со грип – пикот се очекува од крајот на јануари до средината на февруари
Состојбата со грипот во нашата земја оваа недела е на средно ниво, информираат од Институтот за јавно здравје. Во периодот од 5 до 11 јануари регистрирани се вкупно 2.322 случаи. Сепак, како што изјави Драган Кочински, бројот е зголемен за 34,6 проценти во споредба со минатата недела. Тој посочи дека најмногу заболени има во Скопје – околу 556 случаи,









