Португалија победнички пред Македонија – лесно ја реши Романија!
Без изненадување на првата средба од нашата група Б на Европското првенство. Португалија ја оправда фаворитската улога, славеше против Романија со 40-34 (23-15). Оваа селекција е вториот противник на Македонија на шампионатот, мечот се игра во недела. Од она што го видовме на теренот, Португалците делуваат многу опасно, со една серија ја решија Романија

