Лејкерси на -43 во Оклахома, Дончиќ се повреди
Тимот на Оклахома Сити Тандер ги декласираше Лос Анџелес Лејкерс со 139:96 во натпревар во кој Лука Дончиќ се повреди и со солзи во очите го напушти теренот. Само шест пати во нивната богата историја Лејкерс биле поразени со поголема разлика. Овој пат беа на шест поени од нивниот најлош пораз од минус 49 поени против Далас Маверикс во 2017 година.







