Лазаров без Пешевски и Митревски против Данска
Македонската ракометна репрезентација против Данска го отвара Европското првенство, мечот се игра во 20:30 часот. Селекторот, Кирил Лазаров го одреди списокот, на истиот не се најдоа искусниот голман, Никола Митревски и Жарко Пешевски. На овој меч нашиот предводник нема да смета ниту на Дамјан Митев.

