Изгледаше рутински: Милан убедлив на гостувањето кај Болоња
Милан стигна до една од најлесните победи сезонава и повторно е блиску до Интер
Без многу проблеми, Милан ги освои трите бода на гостувањето кај Болоња откако победи со убедливи 3:0, во меч од 23. коло на Серија А. За Росонерите ова е 14 победа, имаат и осум нерешени и само еден пораз, па со 50 бодови се на второто место на табелата, пет помалку од лидерот и нивни вечен градски ривал Интер. Болоња по овој пораз останаа на 30 бодови
Изгледаше рутински: Милан убедлив на гостувањето кај Болоња
фото: AC Milan (X) Фудбалерите на Милан славеа на гости кај екипата на Болоња со 3:0 во натпревар од Серија А. Херој во победата на Милан беше Адриен Рабио, кој постигна гол и асистенција, додека Рубен Лофтус-Чик и Кристофер Нкунку исто така постигнаа голови, едниот од пенал. Со овој триумф, Милан се доближи до Интер на -5 бода, а избега од Наполи



