Ѓорческа поразена во финалето во Букурешт
Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа го загуби финалето на W 75 турнирот што се играше денеска во Букурешт, за награден фонд од 60.000 долари. Поуспешна од неа беше актуелната јуниорска шампионка на Ролан Гарос Лили Тагер од Австрија со 2-1 во сетови (64 36 64). Со овој пораз прекината е низата од девет победи на македонската тенисерка,