„Ако морате да трчате 42 километри некаде на овој свет, Кејптаун е вистинското место“
Доколку имате цели и желби во животот, ќе најдете и начин како да си ги остварите, порано или подоцна. Ова на најдобар начин го демонстрира ултрамаратонецот и триатлонец, Горан Билбилоски. Тој не само што го живее спортот туку помага и другите да ги почувствуваат придобивките од него. Освен тоа, работи и како асистент на децата со попреченост, правејќи

