Македонски павилјон и уметници на фестивалот „Muse-X Expo“ во Тирана
Во своето обраќање, Ѓоргова ја истакна важноста на културната соработка и поврзувањето меѓу државите, што обединува уметници, продуценти и културни организации од Европа, нашиот регион и пошироко. „Културата не е само наследство што го чуваме, туку и жива сила која нè поврзува и нè движи напред. Токму преку ваквите средби создаваме нови вредности,










