Тројца пешаци тешко повредени во сообраќајни несреќи
Во текот на 16 април се случиле три одделни сообраќајни несреќи во кои тешко биле повредени пешаци во Скопје, Штип и Битола. Во 07:30 часот во Скопје, на улицата „Маџари“, автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 56-годишниот В.Р., удрил во 78-годишната М.П. од Скопје. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен










