Старото Скопје остана да живее во фотографиите, документите и сеќавањата
Фото: Државен Архив Во 5.17 часот, градот се разбуди во тишина што следеше по најсилниот татнеж. За само дваесетина секунди, исчезнаа улици, домови, спомени и човечки животи. Илјадници семејства останаа без покрив, а цели маала беа претворени во урнатини. Се урна едно безгрижно Скопје, она со долгите летни вечери, со прошетките по Корзо, игранките,


