Ford Puma Gen-E добива поголем домет и нова напредна технологија
Ford официјално ја претстави освежената Puma Gen-E за 2026 година, со што целосно електричниот SUV добива значајно подобрување на дометот, но и нови системи за полуавтономно возење. Иако визуелно останува непроменет, моделот добива поефикасна батерија и повеќе технологија, токму на местата каде претходната верзија најмногу заостануваше зад конкурентите

