Профитот на Мерцедес преполовен – силен удар од САД и Кина
Германскиот премиум гигант се соочува со пад на добивката, зголемени трошоци и послаба побарувачка на клучните пазари. Германскиот производител на луксузни автомобили Mercedes-Benz Group објави дека неговиот профит во изминатата година е речиси преполовен, што претставува сериозен сигнал за предизвиците со кои се соочува глобалната автоиндустрија.

