Девојка преживеала 10-дневен хорор во Гази Баба: Уапсен скопјанец кој ја силувал и со закани ја држел затворена во неговиот дом
Дваесет и петгодишниот Е.А. од Скопје е лишен од слобода откако полицијата открила дека со денови држел во заробеништво, физички малтретирал и силувал 22-годишна жена. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, жртвата неодамна пристигнала од Германија за да се сретне со осомничениот, со кого претходно се познавала. – На 05.03.2026




