Кожув до важен триумф против Куманово
Кожув успеа да дојде до важна победа против Куманово. Гевгеличани на домашен терен славеа со 100-92 во последниот меч од 10 коло во Супер-лигата. За Кожув ова е шести триумф сезонава, имаат и четири порази, скор кој го однесе на петтото место. Гевгеличани имаат 16 бода исто колку и Куманово. Ова беше прва победа за Љупчо Малинков како нов предводник

