Уапсени 14 возачи во последните 24 часа: Возеле без дозвола, под дејство на алкохол, со поголема брзина, во спротивна насока
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило. Од МВР информираат дека од нив осуммина управувале возило без возачка дозвола, по двајца биле под дејство на алкохол и со многу поголема брзина од дозволената и по еден со активна забрана и во спротивна









