Акустична новогодишна магија во Македонската филхармонија: Калиопи со триумфален и спектакуларен концерт и најава за големиот јубилеј во 2026-та година
Вчера вечер, 30 декември – претпоследниот ден од 2025 година – Македонската филхармонија беше исполнета до последното место за четвртиот и воедно последен концерт од серијата настапи на нашата македонска дива Калиопи. Како што и беше најавено, овој концерт носеше посебна тежина – емотивна, музичка и симболична. Предновогодишна вечер, публика подготвена









