Две години без Мирко Попов, визионерот што ја обликуваше алтернативната културна сцена
Поминаа две години од смртта на Мирко Попов – човекот кој остави неизбришлива трага во македонската музика, култура и урбана сцена. Неговото име и денес се споменува не само како музичар, туку како визионер, креатор и двигател на една генерација уметници и креативци. Попов беше еден од клучните луѓе зад независната музичка етикета PMG Recordings –


