БЕСПЛАТНА ПОДГОТОВКА ЗА ПОРОДУВАЊЕ ВО „ЖАН МИТРЕВ“! Три модули за трудници и идни родители – познати и датумите, еве како можете да се пријавите!
Центарот за мајка и бебе при Клиничката болница „Жан Митрев“, во соработка со школата за трудници и доење „Бебелогија“, во декември започнува нова програма за пренатална едукација и психофизичка подготовка на идните родители. Првата група ќе има можност преку три едукативни средби да се запознае со процесот на породување, техниките за дишење и релаксација,

