Прилепчанка е македонската светска вицешампионка во хип-хоп танц и има само осум години
Македонија има светска вицешампионка во хип-хоп танц, во Келце, Полска, а успехот доаѓа од Прилеп. Осумгодишната Нина Талески го освои второто место на светската сцена, постигнувајќи резултат кој, според танцовото студио „Брејк а лег“, е најдобриот досега во нејзината категорија во историјата на македонскиот хип-хоп танц. Во конкуренција на најдобрите









