Божиновска на средба со советник на Трамп во Белата куќа: Партнерството со САД е значаен фактор за развој на енергетскиот сектор
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба во Белата куќа со Џарод Аген, заменик-советник на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Националниот совет за енергетска доминација на САД. Од Министерството соопштија дека средбата се одвивала во отворен и суштински дијалог, со јасно дефиниран фокус










