Тешко е да се остане професионалец во Партизан
Стерлинг Браун деновиве официјално беше претставен пред литванската јавност како нов играч на Жалгирис, а на Денот за медиумите во Каунас, се осврна и на периодот поминат во Партизан. Американецот не го криеше разочарувањето од случувањата во белградскиот клуб минатата сезона, посочувајќи дека било исклучително тешко да се задржи фокусот во такви околности

