Истражување открива зошто некои луѓе се опиваат без да пијат алкохол
Во најголемо истражување од ваков вид научниците потврдија дека бактериите, а не габите, се главниот виновник за синдромот на „автопивара“(auto-brewery syndrome - ABS), ретко медицинско нарушување при кое луѓето се опиваат по јадење иако не пиеле алкохол. Анализирајќи примероци од столица од 22 пациенти со дијагностициран ABS и од нивните здрави партнери

