Детско игралиште и вежбалница на отворено во паркот до Градски ѕид
Две нови катчиња се уредени во реконструираниот парк до Градски ѕид. Станува збор за детско игралиште и вежбалница на отворено, додека паркот е збогатен со ново зеленило. Од Општина Центар информираат дека е опремено детското игралиште со тобогани, мрежи за качување и со поврзувачки мостови, а поставени се и соодветна подлога и заштитна ограда. Вежбалницата








