Приведен 35-годишник во Чашка со трактор полн со бесправно исечени огревни дрва
Полицијата вчера попладне привела 35-годишен жител на село Мелница, откако кај местото „Мелничка Река“, во атарот на село Голозинци, Чашка, бил затекнат со трактор натоварен со огревни дрва без соодветни ознаки и документација. С.А. бил запрен околу 17:40 часот од полициски службеници од Полициското одделение Чашка. Тој управувал трактор „Форд“ без









