Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, стан од 50 м2 во Центар за 168 000 евра, вкупно за шест месеци истргувани недвижнини за 625,7 милиони евра
Пазарот на недвижности во земјава во првата половина од 2026 година бележи умерен раст на активноста, со регистрирани 16.126 трансакции, што е за 2,2 отсто повеќе во однос на истиот период лани. Од нив, 11.395 се купопродажби, а 4.731 се закупи, при што вкупната вредност на купопродажбите достигнала 625,7 милиони евра, или 21,3 отсто повеќе од првата










