Договорените уставни измени мора да се испорачаат за почеток на преговорите со ЕУ, кажа Кошта по средбата со Мицкоски во скопје
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, кој денеска е во официјална посета на земјава, кажа дека само со направени уставни измени Македонија може да ги почне преговорите со Европската унија. Нагласи дека нема простор за нови договори или ново преговарање на веќе усвоената преговарачка рамка. „Европската Унија им обезбеди траен мир и стабилност









