До крајот на годинава бројот на превезени патници на македонските аеродроми ќе достигне 3,5 милиони
Владата продолжува со политиката на субвенционирање и отворање нови авиолинии, со цел подобра поврзаност на земјава со европските и светските дестинации. Премиерот Христијан Мицкоски потсети дека во изминатите две години се отворени неколку десетици нови авиолинии, а ефектите од овие политики веќе се гледаат преку значителниот пораст на бројот на патници










