Алексеј Чуркоски од ООМУ „Методи Патче“ најдобар на меѓународниот натпревар по пијано „Далечни акорди“ во Сплит, Хрватска
Охрид, 25. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Алексеј Чуркоски, од ООМУ „Методи Патче“ Охрид освои прва награда на меѓународниот натпревар по пијано „Далечни акорди“, кој се одржа во Сплит, Хрватска. Жири-комисијата која ги оценуваше кандидатите беше составена од еминентни професори кои предаваат на музичките конзерваториуми во Мадрид, Лион, Фоџа, Загреб и Пезаро

