Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Чешката Република, Ирена Гецова
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Чешката Република, Ирена Гецова. На средбата беше потврдено пријателството меѓу двете земји, коишто од 1994 година континуирано ги унапредуваат билатералните односи и го засилуваат партнерството во меѓународните институции и организации







