Изложба на Марија Сотировска Богдановска во Берлин
Изложбата „поПуст(о) % – исто“ на уметницата Марија Сотировска Богдановска ќе биде отворена утревечер во 19 часот во „Прима центар“ во Берлин. Инсталацијата го презема визуелниот јазик на трговијата – етикети, попусти и рекламни формули – но го користи за да ги разоткрие неговите внатрешни противречности. Наместо да ја зајакне илузијата на изобилство,


