Како дел од „Фестивалот на коранот“, Охридското Езеро од албанска страна порибено со 2 милиони единки охридска пастрмка
Поградец, 24. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од „Фестивалот на коранот“, кој викендов се одржа во Поградец, Албанија, Охридското Езеро беше порибено со 2 милиони единки охридска пастрмка. Активноста е дел од иницијативите за збогатување на водната фауна и заштита на овој ендемски вид од особено значење за екосистемот и економијата на областа. –



