Почина актерот Лазе Манасков
На 66 години, денеска почина актерот Лазе Манасков, долгогодишен член на ансамблот на Драмскиот театар во Скопје. Манасков дипломираше на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1983 година започна да работи како глумец во Драмскиот театар – Скопје, каде што остана до своето пензионирање во 2022 година









