Дефект остави без вода една скопска улица
Од скопски Водовод информираат дека денеска поради уличен дефект на улица Менделеева 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот, а прекинот ќе трае до завршување со санација на дефектот.








