Болести на новата доба: од недостаток на интелектуална активност до „трулеж на мозокот“
Можеби се сеќавате, терминот „поствистина“, кој совршено ја опишува последнава декада, својата широка популарност ја доби во 2016 година, кога беше избран за збор на годината на Oxford University Press. Од тогаш станавме свесни дека живееме во доба во која објективните факти имаат помало влијание врз обликувањето на јавното мислење од личните убедувања