Сменетиот украински министер Галушченко уапсен додека се обидувал да избега од земјата
Поранешниот украински министер за енергетика Герман Галушченко, кој беше разрешен поради сомнение за корупција, е уапсен додека се обидувал да ја напушти земјата, соопштија денес антикорупциските власти во Киев. Истрагите за случај на поткуп од големи размери се во тек, објавија Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САП) и Националното




