Меѓународна изложба на чопери и сustom моторцикли во сабота во Паркот на франкофонијата
CRUISE CULT ги поканува граѓаните на Петтото издание на манифестација CRUISE CULT – The Art of the motorcycle што ќе се одржи на 27 јуни, сабота, во период од 12 до 18 часот во Паркот на Франкофонијата. На меѓународната изложба на чопери и сustom моторцикли ќе има повеќе од 90 изложени мотори од Англија, Холандија, Германија, Белгија и Македонија.






