„Јон Вардар против галаксијата“ ќе има африканска премиера на фестивал во Нигерија, Филмот стигна на сите континенти
Анимираниот филм „Јон Вардар против галаксијата“ на Гоце Цветановски неделава ќе ја има својата африканска премиера, а за првпат ќе се прикаже и во Португалија. Африканската проекција ќе се одржи на меѓународниот филмски фестивал „Зума“ во Абуџа, главниот град на Нигерија. Фестивалот е организиран од Нигериската филмска корпорација, а ова е неговото










