Општина Гази Баба со голема прослава ќе слави половина век постоење
Половина век постоење општина Гази Баба ќе го одбележи со голем музички настан на отворено. Големата прослава ќе се одржи на 18. септември на плоштадот Автокоманда , каде што на сцена ќе настапат познати музички изведувачи од Македонија и Балканот. Од општината најавуваат музичка вечер исполнета со добра музика, енергија и забава за сите генерации

